Од МОН досега одобриле 73 учебници за средно образование

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека Педагошката служба досега одобри 73 учебници за средно стручно четиригодишно образование, за општо-образовни предмети и за Математичко-информатичката гимназија.

Од Министерството посочуваат дека обезбедувањето квалитетни учебници е дел од темелната реформа на националниот образовен систем, унапредувањето на наставните содржини и модернизација на наставата.

Како што потенцираат во соопштението, материјалите од кои учениците учат се директно поврзани со наставните програми, постигнувањето на планираните резултати од учењето и стекнувањето на потребни компетенции.

„На конкурсот објавен за учебници за прва година по 72 предмети, доставени се ракописи за учебници за 33 предмети а по повикот формирани се авторски тимови за 32 предмети. За седум предмети авторите не покажале интерес. Педагошката служба досега донела одлука за одобрување учебници за 39 предмети“, велат од МОН.

Оттаму додаваат дека кај учебниците за втора година, од побараните ракописи за 207 предмети, за 50 предмети немало интерес кај авторите. За втора година средно стручно четиригодишно образование и општо образовни предмети, досега се одобрени 27 учебници.

За трета година, по објавениот конкурс за учебници за 366 предмети, како што се наведува во соопштението, доставени се ракописи за 134 предмети, а по повикот формирани се авторски тимови за 51 предмет. За 181 предмет авторите не покажале интерес за изготвување учебник. Педагошката служба досега одобри седум учебници.

Од МОН додаваат дека по конкурсот за издавање учебници за четврта година, објавен за 319 предмети, доставени се 100 ракописи, за 219 предмети немало доставено ракописи, по што е објавен повик за авторски тимови. Формирани се 50 авторски тима.

„Министерството за образование и наука ги охрабрува авторите да учествуваат на конкурсите за изготвување учебници. Вложувањето во знаењето на младите денес ја креира иднината на државата“, се наведува во соопштенито на МОН.

Share This Article