More

    Заседаваше ИК на ВМРО-ДПМНЕ пред лидерската средба

    spot_img

    Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седницата што се одржа утрово донесе одлука да го овласти претседателот на партијата Христијан Мицкоски да не се прифатат уставни измени под, како што велат од партијата, диктат, пред почетокот на средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

    Тимчо Муцунски на прес-конференција истакна дека Извршниот комитет го овластил Мицкоски да ги афирмира и одбрани позициите.
    – Поаѓајќи од националните и државните интереси и запазувајќи го мислењето на огромното мнозинство на граѓани во државата, уставни измени под диктат и под околности кои се поразителни за Македонија не смее да има. Носењето на уставни измени во состојба кога е нападнат националниот и државен идентитет на македонскиот народ, кога се оспорува јазикот, историјата и културата не е никаков чекор напред, туку отворање на вратата за нови поразителни условувања и себеодрекување – вели Муцунски.

    Тој додава дека Македонија токму поради лесните отстапки и штетните политики на власта, веќе е во изолација.

    – Измама е тезата дека на оваа лидерска средба се одлучува за интеграција или за изолација. На оваа лидерска средба се одлучува или за уставни измени и национални порази или за одбрана на националното достоинство и националните интереси – рече Муцунски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img