More

    Вучиќ го пофали гостопримството на македонскиот премиер

    spot_img

    Му се заблагодарив на мојот пријател Димитар Ковачевски за тоа што како добар домаќин сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм по денешната средба со премиерот Ковачевски во Охрид.

    Вучиќ престојува во Охрид за да учествува на средба на високо ниво во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, чиј домаќин е премиерот Ковачевски.

    Посакувајќи му добредојде и успешни разговори на претседателот Вучиќ во Охрид, премиерот Ковачевски ја потврди важноста која Република Северна Македонија ја придава на одржувањето на овој состанок на високо ниво.

    Премиерот Ковачевски го поздрави учеството на Србија на разговорите во Охрид и изрази задоволство дека со посредство на Европската Унија се овозможува отворен дијалог кој е од голема важност за регионалната стабилност и безбедност, а кои ќе се чекор напред кон европскиот пат на регионот. Северна Македонија е токму пример за земја која сите отворени прашања со соседите ги решава на мирен и демократски начин, преку дијалог, со цел напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните. Преку решителни чекори Северна Македонија обезбеди пред сѐ безбедност и континуиран развој, и од заробена и изолирана држава, денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи, рече Ковачевски.

    Премиерот Ковачевски и претседателот Вучиќ се согласија дека мирот не само во двете земји туку и во целиот регион е важен, а дијалогот е битен за подобрување на односите. Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ.

    Ковачевски претпладнево се сретна и со косовскиот премиер Албин Курти, како и со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеф Борел и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img