More

    Непосредна контрола на процесот на проширување

    spot_img

    Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија за Западен Балкан со цел да се подобри контролата врз процесот на проширување, објави порталот Еурактив.

    Во документот усвоен на пленарната седница на ЕП во Стразбур оваа недела се наведува дека отворање нова канцеларија на Западен Балкан е со цел да се понуди поголема поддршка на патот на европската интеграција на земјите кандидати или потенцијалните кандидати за членство во Европска Унија.

    Новата канцеларија ќе ги зајакне односите со партнерските парламенти од Западен Балкан и ќе ја зголеми видливоста на претставниците на ЕП во активностите поврзани со процесот на проширување на ЕУ. Канцеларијата ќе му даде на ЕП поголема контрола врз процесот на пристапување бидејќи ќе работи со постојните делегации на ЕУ кои работат под контрола на Европската служба за надворешни работи, се истакнува во документот.

    ЕП има локална канцеларија во секоја земја-членка на ЕУ. Поддржува контакт и комуникација, организирање настани и интеракција со локалните медиуми. Во ноември минатата година, ЕП отвори канцеларија во Украина на барање на Владата во Киев.

    Во моментов има само неколку локални канцеларии на ЕП во земји надвор од ЕУ, како што се САД, Етиопија и Индонезија.

    Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија се земјите од Западен Балкан кои имаат статус на кандидати за членство во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img