More

    Ракетен напад на воз со западна воена опрема за Украина

    spot_img

    Руската армија нападна воз со западна воена опрема во областа Доњецк, соопшти прес-службата на руското  Министерство за одбрана.
    „Оперативно-тактичката авијација, ракетните сили и артилерија погодија воз со западно оружје и воена опрема во реонот на населбата Удачноје, Народна Република Доњецк“ – пренесува РИА Новости.

    Руските сили го погодија и персоналот и опремата на 67-та механизирана бригада на вооружените сили на Украина на железничката станица во областа Балаклеја во регионот Харков. Најмалку тројца вработени во железницата се убиени во нападот.

     

    Покрај тоа, руските сили деновиве извршени напади врз персоналот и опремата на украинските војници во 112 региони.

    Русија со воздушни напади ги гаѓа украинските железници со цел да ја прекине испораката на очајно потребното американско оружје до линијата на фронтот и да ја наруши воената логистика, соопштија  украински извори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img