More

    Воениот врв на армијата го посети Пентагон

    spot_img

    Началникот на Генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во повеќедневна работна посета на Соединетите Американски Држави, во Пентагон, Вашингтон, се сретна со заменик на претседавачот на Здружениот штаб на вооружените сили на САД, Адмирал, Кристофер Грејди.

    Од страна на генералот Ѓурчиновски се презентирани активностите кои Армијата на Република Македонија ги спроведува во полето на одбраната по нашата целосна интеграција во НАТО, пред се во процесот на трансфоромација, опремување и модернизација, заедничките активности со ВС на САД и поддршката која ја овозможува стратегиското партнерство со САД.

    „Во разговорите е потенцирана цврстата определба за понатамошно заедничко развивање на нашите способности и интероперабилноста во НАТО, како и значењето на колективната безбедност на НАТО за југоисточна Европа и пошироко, во време на воената агресија над Украина, која е осудена од сите земји членки на НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението испратено од генералштабот на нашата армија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img