More

    Во Основниот суд Тетово денеска започна судењето за малолетната 17-годишна девојка која во декември 2022 година беше осомничена за убиство на 16-годишно момче во месноста Бањиче

    spot_img

    Во Основниот суд Тетово денеска започна судењето за малолетната 17-годишна девојка која во декември 2022 година беше осомничена за убиство на 16-годишно момче во месноста Бањиче.

    „Главната расправа е завршена и дополнително ќе биде изречена пресудата. Осомниченото женско лице се товари за убиство“, информираа од Основен суд Тетово.

    Адвокатот Ибраим Бајрами, кој учествуваше денеска во процесот како бранител на осомничената по завршување на рочиштето пред новинарите истакна дека нема да бидат соопштени детали од ова судење и дека тоа е одлука на судот.

    – По наредба на судот за кривичните предмети коишто се водат против малолетници, каде што жртви се малолетници не се дозволени изнесување на било какви околности за настанот на кривичните постапки. Поради тоа сметам дека оваа одредба од членот 99 од Законот за права на деца треба и вие да го анализирате и согласно тоа да вршите известувања и да побарате посебна дозвола од судот, судијата за деца, којшто одлучува кој дел од постапките е возможно да биде предмет на јавен интерес – изјави адвокатот Ибраим Бајрами.

    На 22 декември 2022 полицијата информираше дека безживотното тело на 16-годишното момче беше најдено во реката Пена кај месноста Бањиче близу Тетово. По увидот и започната истрага, тетовското Обвинителство до Основниот суд на 23 декември поднесе барање за подготвителна постапка поради сомнение за сторено убиство, за осомничена 17-годишна девојка од селото Рогле, Општина Желино.

    Воедно за осомничената беше определена и мерка притвор. Убиениот малолетник е од Ново Село.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img