More

    Венецуелската актерка Нури Флорес починала на 80-годишна возраст

    spot_img

    Венецуелската актерка Нури Флорес починала на 80-годишна возраст, објавија странските медиуми. Актерката ја загубила битката со тешката болест на 10 март во Мајами.

    Новинарката Кармела Лонго изјавила дека Нури Флорес се бори со рак кој метастазирал, а тоа го потврдила и ќерката на актерката, Патриша Ногуера, која се занимава со истата професија која го одбележа животот на нејзината мајка.

    Таа беше ѕвезда на многу теленовели, а многумина ја паметат по нејзината улога во теленовелата Касандра снимена во 1992 и 1993 година. Нури ја играше Херминија Ароча, негативка која се бореше да го спречи главниот лик, кој го игра Кораима Торес, да добие семејно наследство. Таа серија постигна голем успех ширум светот и влезе во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван ТВ производ на шпански јазик.

    Покрај актерството, Нури уште од мали нозе покажала склоност кон уметноста, а се пробала и како модел. Таа ја освои наклонетоста на јавноста и влезе во натпреварот за Мис Венецуела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img