More

    Велика Британија плаќа и во Албанија враќа сериски убиец и 200 осудени криминалци

    spot_img

    Од затворите во Велика Британија во Албанија ќе бидат трансферирани 200 затвореници албански државјани. За овој трансфер на осудените криминалци В.Британија на Албанија ќе и плаќа по 4 милиони фунти годишно, според договорот потпишан меѓу двете земји.

    – Според неодамна ратификуваниот договор Велика Британија на Албанија ќе и плаќа по 4 милиони фунти годишно за да ги преземе 200-те најопасни криминалци, осудени за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, разбојништва, силувања, шверц со дрога, јави Ора њуз.

    фото: принтскрин

    Меѓу првите 17 кои ќе бидат трансферирани во албанските затвори, каде треба да ја доиздржат затворската казна е и серискиот убиец Мане Дриза.

    – Четириесет и петгодишниот Мане Дриза, серискиот убиец, кој инаку е познат како „Ал Пачино“ и „Тони Монтана“ или „Лице со лузна“, е осуден на 336 години затвор. Тој во 1997 година убил татко и син во Албанија и побегнал во В.Британија. Две години подоцна со секира убил свој сонародник во В.Британија, по што побегнал во Италија, каде во Сицилија убил двајца мажи, наведува телевизијата.

    Останатите се на возраст од 24 до 49 години и се осудени по најмалку 30 години затвор.

    Албанскиот министер за правда Улси Мања најави дека депортацијата на овие 200 затвореници ќе почне во септември.

    Албанските власти потврдија дека повеќето нејзини граѓани кои оваа година биле насилно вратени дома од ОК, биле осудени за злосторства таму. Би-Би-Си разговараше со оние мажи испратени дома и дозна дека на некои затвореници им биле понудени 1.500 фунти за да заминат.

    Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство соопшти дека оттогаш се вратени повеќе од 1.000 луѓе: околу половина од нив се доброволни, останатите се комбинација на неуспешни баратели на азил и странски престапници.

    Летовите за депортација во Албанија се зголемија откако земјата потпиша заеднички договор за соработка со Велика Британиа во декември минатата година, за да се „одврати и попречи илегалната миграција“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img