More

    Веејќи палестински знамиња и транспаренти, демонстрантите во шведскиот град Малме повикаа на бојкот на Израел на претстојниот Избор за песна на Евровизија

    spot_img

    Веејќи палестински знамиња и транспаренти, демонстрантите во шведскиот град Малме во средата повикаа на бојкот на Израел на претстојниот Избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во тој град во мај.

    Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го организира натпреварот за песна на Евровизија, го претставува настанот како неполитички.

    Но, често глобалната политичка клима се одразува на натпреварот, кој оваа година се одржува со протести и бојкоти поради разорната воена операција на Израел во Газа, поттикната од нападот на Хамас на 7 октомври, кој влијаеше на различни културни настани во Европа оваа година.

    – Сметам дека Израел во никој случај не треба да учествува на Евровизија и дека се целосно двојни стандарди што им дозволија да се натпреваруваат додека ја исфрлаа Русија – рекол жител на Малме, Матс Реле (43). Меѓу другото, демонстрантите во Малме носеа транспарент на кој беше истакнат повик за бојкот на Израел над логото на Евровизија, додека друг транспарент беше извалкан со дамки слични на крв, со ножици кои го сечеа кабелот за микрофон со израелско знаме.

    ЕБУ ја забрани Русија од Евровизија во 2022 година, откако неколку европски јавни радиодифузери побараа земјата да биде исфрлена од натпреварувањето поради нејзината инвазија на Украина. Унијата соопшти дека ги суспендирала руските телевизии поради „континуирано кршење на обврските за членство и кршење на вредностите на јавниот сервис“.

    Одлуката на организаторите да ја вклучат израелската телевизија КАН предизвика протести кај уметниците и министрите, но ЕБУ во јануари објави дека Евровизија не е натпревар меѓу владите и дека КАН ги исполнува сите обврски. Унијата досега се спротивставуваше на повиците за исклучување на Израел од Евровизија, а во средата ги повикаа луѓето да се воздржат од интернетско насилство кон некои од учесниците.

    – Сите сме погодени од сликите, приказните и несомнената болка на оние во Израел и Газа – објави ЕБУ.

    – Сепак, сакаме да пренесеме загриженост и дискусии поврзани со оваа ситуација, особено насочените кампањи на социјалните мрежи против некои натпреварувачи – додаваат од ЕБУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img