More

    Уапсено лицето осомничено дека поставило бомба во центарот на Истанбул

    spot_img

    Турската полиција уапси едно лице осомничено дека поставило бомба што во неделата експлодира во пешачка зона во центарот на Истанбул, при што загинаа најмалку шест, а беа повредени десетици луѓе.Бомбата експлодираше во неделата околу 16:20 часот по локално време на авенијата Истиклал, улица со бројни кафулиња, ресторани, кина и продавници.

    Според моментално достапните податоци, најмалку шест лица загинале во експлозијата, а 81 лице е повредено, од кои двајца потешко.

    Најмалку шест лица загинаа, а 81 се повредени во експлозија во Истанбул.

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди „кукавичкиот напад“ во неделата. „Првите информации упатуваат на заклучок дека се работи за тероризам“, рече Ердоган.

    Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

    Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу утрово, според известувањето на државната телевизија ТРТ, изјави дека полицијата го уапсила лицето кое ја поставило бомбата.

    Осомничениот е лице поврзано со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), а министерот Сојлу се закани со одмазда, јави ТРТ.

    Во ЕУ и во САД, ПКК има статус на терористичка организација, забележува агенцијата ДПА.

    Авенијата Истиклал исто така беше цел на терористички напад во 2016 година, кога бомбаш самоубиец уби четири лица, а рани 39. Турската влада тогаш објави дека напаѓачот е поврзан со групата Исламска држава, но не презеде одговорност, посочува dpa .

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img