More

    Турска поп ѕвезда Ѓулсен уапсена поради шега на сметка на верските училишта

    spot_img

    Турската поп-пејачка Ѓулсен е уапсена поради „поттикнување омраза и непријателство“ и поради шега на сметка на турските верски училишта.

    46-годишната пејачка, чие целосно име е Ѓулсен Чолакоглу, беше однесена од нејзиниот дом прво на сослушување во Истанбул, а потоа и официјално уапсена, а ќе остане во затвор до судењето.

    Апсењето предизвика контроверзии на социјалните мрежи.

    На концертот во Истанбул во април, Ѓулшен изјави дека „перверзијата“ на еден од нејзините музичари е последица на тоа што тој одел во верско училиште.

    Неодамна таа снимка од концертот почна да кружи на социјалните мрежи со хаштаг кој повикува на нејзино апсење.

    Ѓулшен се извини за навредата, но рече дека нејзиниот коментар го искористиле оние кои сакаат да ја продлабочат поларизацијата во земјата.

    За време на испрашувањето, таа ги отфрли обвинувањата дека поттикнувала омраза и непријателство, велејќи им на судските власти дека има „најголема почит за вредностите и чувствителноста“ на нејзината земја.

    Барањето да се ослободи од притвор во очекување на судењето беше одбиено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img