More

    Циклон карактеристичен за лето ќе ја „нападне“ земјава

    spot_img

    Под влијание на циклонска активност од запад и на влажна и нестабилна воздушна маса денеска во Македонија, и тоа од запад, ќе се прошируваат врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски во својата најнова анализа.

    – Во попладневните и во вечерните часови локално врнежите ќе бидат поројни (над 25 л/м2 воден талог), проследени со грмежи и силен јужен ветер (над 70 км/час). Овие процеси би можеле да бидат застапени во форма на невреме кое е вообичаено за летниот период од годината и проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Во Скопје, особено попладне, ќе има услови за нестабилност, проследено со поинтензивнен дожд, силен јужен ветер и со грмежи, при што се препорачува крајна претпазливост – вели Попоски за Плусинфо.

    Тој додава дека слаби локални врнежи од дожд ќе има и утре. На високите планини ќе има услови за слабо провејување на снег.

    – Потоа, од недела до вторник, ќе биде стабилно и суво. Барем според последните метео-материјали, нови врнежи од дожд очекуваме в среда – ни рече Попоски.

    Кога станува збор за температурите, Попоски вели дека тие остануваат пролетно високи и без поголеми промени. Исклучок ќе биде недела кога ќе дува засилен северен ветер и температурите ќе бидат пониски, во интервал од 6 до 14 степени. Студено утро со слаб мраз ќе имаме в понеделник кога минималните температури ќе се спуштаат во интервал од минус 4 до 3 степени.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи исто така соопштија дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час), а температурата ќе достигне до 17 степени.

    – Во Скопската Котлина денеска времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината врнежите ќе имаат пороен карактер проследени со грмежи и засилен ветер – информираат од УХРМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img