More

    Трајко Славески, претседателот на Советот на град Скопје ѝ порача на градоначалничката Данела Арсовска дека треба да соработуваат во интерес на граѓаните

    spot_img

    Трајко Славески, претседателот на Советот на град Скопје ѝ порача на градоначалничката Данела Арсовска дека треба да соработуваат во интерес на граѓаните.

    – Мислам дека градоначалничката треба да разбере дека мора да продолжи да функционира, граѓаните од неа очекуваат во наредниот период резултати кои што засега ги нема. А, не може ништо таа да направи без Советот на град Скопје. И покрај сѐ нели, и јас како претседател на Советот и Советот на град Скопје, не заради Арсовска туку заради граѓаните, сме подготвени на соработка и да дискутираме, да подобруваме, да одобруваме предлози што доаѓаат и од Кабинетот на градоначалникот кој што засноваат проекти издржани во програмата и се разбира да работиме во интерес на граѓаните – истакна Славески во гостување во утринска емисија на Радио Лидер.

    Тој посочи дека Советот на Град Скопје работи во интерес на граѓаните и поради тоа на седниците кои што се одржуваат има стотици и стотици одобрени проекти и дискутирани точки.

    – Во никој случај Советот на град Скопје ја нема блокирано градоначалничката – нагласи Славески.

    Тој рече дека ќе побара извештаи од управните одбори за да ѝ се појасни на јавноста работата на директорите на јавните претпријатија.

    – На ниво на Град Скопје се делегирани и назначени учесниците во одборите и се назначени од Советот, каде што мнозинството има одлучувачка улога. Јас размислувам и ќе побарам на правен основ вонредни извештаи во однос на овие неколку претпријатија за кои беа изнесени обвинувања за директорите, за оние кои што беа разрешени и оние кои што си поднесоа оставки. Значи ќе побарам вонредни извештаи од Управните одбори, затоа што функцијата управување преку членови на Управни и Надзорни одбори е во надлежност на Советот на град Скопје. Барем на јавноста да ѝ објасниме како е можно кога сме добивале позитивни извештаи од јавните претпријатија, мислам на „Градски паркинг, „Водовод и канализација и „Дрисла одеднаш да не ѝ чини работењето на градоначалничката. Во тие извештаи одборите укажуваат на заштеди, на проекти, подобрување на работата, рационализација и тн., а сега наеднаш да се каже дека директорите не ги задоволувале очекувањата на градоначалникот – истакна Славески.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img