Топ Вести - Слушај сега
Од денеска стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто треба да се минимизира ризикот од злоупотреби и од фиктивни фактури.
Како што информирапе неодамна директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова, избран е модел со модерно решение, усогласен со меѓународните стандарди и барања. Решението за компаниите ќе биде лесно за примена и со интеграција со нивните системи. Преземени се мерки со кои се минимизираат ризиците.
Според Петрова, со оваа реформа ќе се подобри управувањето со јавните финансии, ќе се подобри даночната усогласеност, брзо и лесно ќе се детектираат несоодветните одлуки на влезен ДДВ, несодветно декларирани расходи кои не се признаваат за стопанската дејост, ќе се намали сивата економија, ќе има поефикасна даночна контрола итн.
Таа посочи дека е-фактура е меѓу најзначајните дигитални реформи на УЈП и за целата бизнис заедница, а се спроведува многу внимателно, за да се обезбеди подготвеност на економските оператори кои ќе бидат корисници на новиот систем.
Ќе биде објавен комуникацискиот механизам кој треба да обезбеди автоматска и безбедна размена на податоците меѓу системите на компаните и системот за е-фактура. Ќе биде поставена техничката документација, врз основа на која компаните ќе можат да почнат да ги прилагодуваат своите софтвери, да ја спроведат техничката интеграција и да почат со тестирање на испраќање и издавање фактури во контролирана тест околина. Оваа фаза ќе биде наменета за ИТ компании и тимови кои работат на развој и одржување на фактурирачки и слични системи, како и економски оператори кои имаат свои ИТ решенија. До крај на првиот квартал од 2026 година ќе бидат објавени и клиентската и веб апликацијата кои ќе бидат наменети за помалите компани кои немаат сопствени фактурирачки системи а до крајот на вториот кваратл ќе биде поставен продукцискиот сервер. Планирано е до крајот на третиот квартал да заврши тестирањето и да почне имплементацијата.
Избран е модел на централизиран државен систем со кој ќе комуницираат компаниите.
Комуникацијата и доаѓањето на податоците ќе биде во реално време бидејќи преку тој систем ќе се врши издавањето на фактурите. Овој модел е најблиску до ОЕЦД концептот – Даночна администрација 3.0., кој се однесува на висока интеграција на системите на даночната администрација со системите на компаниите и други страни и создавање на интероперабилен даночен систем. Со Министерството за финансии е договорено во овој систем покрај фактурите да поминуваат и да се издаваат и пропратните документи како испратници, приемници, времени ситуации, итн, со што системот ќе обезбеди целосна документирана деловна трага за еден деловен настан. Целта е да се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури.
Најважните предизвици се однесуваат на обезбедување систем кој, како што појасни директорката на УЈП, ќе биде соодветно димензиониран и ќе има содветна брзина во функционирањето. Се работи и на заштита на податоците, автентичноста на фактурата, да нема можности за промени, заштитата од разни напади, блокирања на системот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖