More

    Тен Хаг за Роналдо: Не се откажа, наградата пристигна

    spot_img

    Манчестер Јунајтед го победи Шериф од Тираспол со 3:0 во гостувањето во Европската лига. Тренерот Ерик тен Хаг го врати Кристијано Роналдо во тимот за тој натпревар и му даде шанса од првата минута.

    Не почна најдобро за Роналдо, на средината од првото полувреме имаше една голема грешка. Сепак, во 81. минута се запиша меѓу стрелците и го постигна својот 701. гол во кариерата.

    „Тој не се откажа. И овој принцип го води во текот на целата негова кариера. На крајот доби награда поради сето тоа“, изјави тренерот Тен Хаг за Роналдо.

    Тен Хаг не се задржа многу на Роналдо, но имаше доста забелешки за младиот Аргентинец, Алехандро Гарнах.

    „Играше добро, но пред некое време не бев задоволен од неговото однесување. Сега е се подобро, се подобрува во последните неколку недели. Поконцентриран е, има поголема лојалност, работи подобро и одамна е јасно колку е талентиран. Тој е младо момче, мора да порасне, мора да открие кои се барањата на врвниот фудбал. Не се работи само за еден дриблинг или гол, ние мора да победиме“.

    Дали го замени Антони на полувремето поради потегот што го направи на крајот од првото полувреме? Спинот од 720 разочара многумина, меѓу кои и легендата Пол Сколс…

    „Не, немав проблем со неговиот потег. Повеќе или помалку беше планирано да го замениме“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img