More

    Температурите ќе се искачат до маскимални 16 степени

    spot_img

    Денеска во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, особено во западните делови на земјата, а преку денот времето ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец поизразен во претпладневните часови.

    Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

    Во Скопје времето преку денот ќе биде претежно сончево, а наутро со услови за слаба магла. Претпладне со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

    Во наредните денови продолжува периодот на стабилно време со повисоки дневни температури, а значително повисоки температури за овој дел од годината ќе има на планините утре и во вторник. Во следните денови во утринските часови понекаде во котлините ќе се задржи умерено облачно и магливо, што ќе услови пониски дневни температури.

     Денеска е недела, 25 декември 2022 година, 359-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 6 дена.

    Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 8 минути.

    Денов трае 9 часа 7 минути.

    Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 9 часот и 15 минути, а ќе зајде во 18 часот и 24 минути.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img