Телефонски разговор Лавров-Рубио за преговорите во Истанбул

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска телефонски разговарал со шефот на американската дипломатија Марко Рубио за резултатите од вчерашните мировни преговори меѓу Москва и Киев.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека телефонскиот разговор меѓу Сергеј Лавров и Марко Рубио се одржал на иницијатива на американската страна.

„Шефовите на министерствата за надворешни работи разменија мислења за резултатите од руско-украинските преговори одржани претходниот ден во Истанбул“, се наведува во соопштението на руското МНР.

Според Министерството, Рубио ги поздравил договорите за размена на воени заробеници, како и одлуката на двете страни да ги подготват своите визии за условите потребни за постигнување прекин на огнот. Тој исто така ја нагласил континуираната подготвеност на Вашингтон да ги поддржи напорите за решение.

„Сергеј Лавров ја призна позитивната улога на САД во помагањето да се обезбеди конечно прифаќање на предлогот на претседателот Владимир Путин од страна на Киев за продолжување на преговорите во Истанбул. Тој ја потврди подготвеноста на Москва да ја продолжи соработката со американските колеги во тој контекст“, се наведува во соопштението.

За време на разговорот беа разгледани и неколку други меѓународни и регионални прашања, вклучително и можноста за понатамошни руско-американски контакти, соопшти Министерството.

Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека првите директни мировни разговори меѓу Русија и Украина од пролетта 2022 година, одржани во Истанбул, беа „исклучително важни“ за напредок кон ставање крај на војната.

Русија преку својот преговарач Владимир Медински соопшти дека е „задоволна“ од исходот на преговорите одржани во Истанбул и оти е „подготвена да ги продолжи контактите“.

Во преговорите кои траеја малку помалку од два часа, Русија и Украина се договорија да разменат по 1.000 воени заробеници, што е најголема размена досега, а исто така се договорија да разменат детални предлози за прекин на огнот.

- Advertisement -
Ad image

Украина побара средба на шефовите на држави Владимир Путин и Володимир Зеленски, а Медински рече дека Русија ќе го разгледа тоа, и додаде дека Русија е подготвена да ги продолжи разговорите.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска рече дека претседателот Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски би можеле да се сретнат само доколку делегациите постигнат одредени договори во преговорите.

– Таква средба е можна како резултат на работата на делегациите на двете страни, по постигнувањето одредени договори. Ние ја сметаме за можна – рече тој.

- Advertisement -
Ad image

Песков рече дека двете земји се согласиле да разменат списоци со услови за прекин на огнот и дека работата на нив е во тек.

Додаде дека преговорите меѓу Русија и Украина се во тек и дека тие треба да се водат зад затворени врати, и дека засега се разговара за постигнување на тие договори.

Песков истакна дека делегацијата предводена од помошникот на Путин, Владимир Медински, ќе продолжи да води преговори со Украина и дека од преговорите во Истанбул, кои се одржаа вчера, немало никакви контакти меѓу лидерите на Русија и САД.

Украинскиот министер за одбрана и шеф на украинската делегација, Рустем Умеров, по вчерашните разговори потврди дека руската и украинската делегација разговарале за можна средба на претседателите на двете земји, Володимир Зеленски и Владимир Путин, како и за договоренот прекин на огнот и размена на илјада воени заробеници.

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, вчера изјави дека руската и украинската делегација на разговорите во Истанбул „во принцип“ се согласиле повторно да се сретнат.

Share This Article