More

    Тејлор-Џонсон е нов фаворит за улогата на Џејмс Бонд

    spot_img

    Арон Тејлор-Џонсон се смета за фаворит во трката за улогата на Џејмс Бонд во продолжението на франшизата, откако наводно учествувал на тајна аудиција.

    Британските медиуми пишуваат дека 32-годишниот актер ја импресионирал режисерката Барбара Броколи за време на нивната средба во студиото „Пајнвуд“.

    Шпекулациите за наследникот на Даниел Крег во улогата на агентот 007 траат уште од објавувањето на последното продолжение на филмот, а и покрај другите кандидати кои медиумите ги наведуваат како потенцијален Бонд, се чини дека Арон го презеде водството.

    „Сан“ тврди дека Арон бил на аудиција и ги воодушевил режисерот и продуцентите и сега е еден од главните кандидати за улогата.

    Арон, кој е оженет со режисерката на „50 нијанси сива“ Сем Тејлор-Џонсон (55), глумеше во филмови како „Bullet Train“, „Kick-Ass“, „Avengers“.

    Својата кариера ја започна во серијата „Armadillo“ од 2001 година, пред да се појави во филмот „Bill and Casualty“, а потоа и во биографскиот филм за Џон Ленон од 2009 година „Nowhere Boy“.

    За улогата на култниот агент се поврзуваа многу познати имиња од Хенри Кавил до Том Харди, а летово британските медиуми тврдеа дека главен фаворит е Идрис Елба.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img