More

    Светска банка очекува земјава годинава да забележи раст од 1,8%

    spot_img

    Економскиот раст на земјава годинава ќе биде 1,8%, во 2024 ќе изнесува 2,5, а во 2025 година ќе се зголеми на 2,9%. Инфлацијата, пак, во 2023 ќе се задржи на ниво од 9,1%, за во наредната година да се намали на 3%, а во 2025 на 2%, прогнозира Светска банка во најновиот извештај за економските показатели на земјите од Европа и Централна Азија.

    СБ оценува дека среднорочните економски изгледи на земјава се позитивни, но остануваат ризиците.

    „Растот во 2023 година се очекува скромно да се зголеми до 1,8%, како одраз на забавувањето на надворешната побарувачка и постојаната криза на трошоците на живот, делумно неутрализирани од влијанието на изградбата на автопат. Растот се очекува умерено да се забрза на среден рок поради порастот на јавните инвестиции, закрепнатата потрошувачка и извоз. Се предвидува дека годишната инфлација ќе остане на ниво од 9,1% во 2023 година, но долгорочно да се намалува до 2% во 2025 година“, се наведува во извештајот за земјава.

    СБ забележува дека остануваат и натаму основните ризици кои во голема мера ќе зависат од економската состојба во земјите кои се најголеми трговски партнери и продолжувањето на процесот на пристапување во ЕУ, што може да ги забрза критичните реформи.

    „Сепак, зголемената политичка неизвесност и продолжениот парламентарен ќор-сокак поради недостаток на консензус за уставни измени, како и претстојните избори може да ја одложат имплеметацијата на реформите. Конечно, политичките проблеми носат ризик и за фискалната одржливост и инфлацијата, што ќе бара дополнително монетарно затегнување, кое, пак, може дополнително да ги ограничи опциите за финансирање и да ја забави економската активност“, оценува СБ.

    Банката прогнозира дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе забележи раст од 2,5 проценти, за разлика од лани кога изнесуваше 3,2 отсто.

    Највисок економски раст во 2023 година ќе има Црна Гора од 4,8%, потоа Албанија 3,6%, Косово 3,2%, Хрватска 2,7 %, Босна и Херцеговина 2,2%, Србија, 2% и Бугарија 1,4%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img