More

    Речиси целото етничко ерменско население побегна од Нагорно-Карабах откако азербејџанската војска ја презеде контролата врз регионот со молскавична оружена акција пред две недели

    spot_img

    Речиси целото етничко ерменско население побегна од Нагорно-Карабах откако азербејџанската војска ја презеде контролата врз регионот со молскавична оружена акција пред две недели.

    Ерменскиот премиер Никол Пашинјан го обвини Азербејџан за етничко чистење. Патиштата што водат до главниот град на Нагорно-Карабах, Степанакерт, се речиси пусти – главно има возила на азербејџанската полиција и армија – а градот што до неодамна  беше престолнина, стана „град на духови „.

     

    Мисијата на Обединетите нации по посетата на регионот објави дека по егзодусот во кој повеќе од 100.000 Ерменци избегаа од регионот во последните неколку дена, таму останаа само 50 до 1.000 припадници на ерменската етничка заедница.

     

    Во соопштението објавено на веб-страницата на ОН по еднонеделната мисија предводена од постојаниот координатор на ОН во Азербејџан заедно со други високи претставници на агенцијата, се наведува дека нема знаци на оштетување на јавни објекти во градот Степанакерт.

    Се додава дека тимот на ОН забележал дека владата на Азербејџан прави подготовки за обновување на одредени комунални и здравствени услуги во градот Степанакерт.

    Мисијата на ОН не доби пристап до руралните области, но не беа забележани знаци на уништување на земјоделската инфраструктура или добитокот, се вели во извештајот.

    Во меѓувреме, Азербејџан го потврди апсењето на поранешниот претседател на самопрогласената република Нагорно- Карабах. Араџик Харутјуњан, кој го водеше Нагорно Карабах до почетокот на септември оваа година, е во притвор бидејќи е осомничен за „водење војна и ангажирање платеници“, кршење на „меѓународните хуманитарни принципи“, соопштија од азербејџанското обвинителство.
    Ерменија ги осуди апсењата на поранешните водачи или функционери на Нагорно-Карабах, особено случајот со Арутјуњан, без да се прецизира кога бил уапсен.
    Ерменските власти изразија жалење што „азербејџанските агенции за спроведување на законот продолжуваат да вршат произволни апсења и покрај ветувањата дека ќе ги почитуваат правата на Ерменците во Нагорно-Карабах“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img