More

    Првите дами, односно сопругите на претседателите на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Словенија присуствуваа денеска на регионалната конференција „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки“

    spot_img

    Првите дами, односно сопругите на претседателите на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Словенија присуствуваа денеска на регионалната конференција „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки“, што се одржува во Скопје, во соработка со Фондот за население на Обединетите Нации – УНФПА, а под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

    „Добредојде за Арманда Бегај, сопруга на претседателот на Република Албанија, Мирела Беќировиќ, сопруга на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Тамара Вучиќ, сопруга на претседателот на Република Србија и Алеш Мусар, сопруг на претседателката на Република Словенија.

    Им Благодарам што нè почестија со своето присуство на регионалната конференција на високо ниво „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки“ – напиша на својот профил на Фејсбук Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски.

    Во своето обраќање, Ѓоргиевска истакна дека телесната автономија е основно човеково право, а сепак како такво останува неостварливо за премногу жени и девојки ширум светот, потенцирајќи дека собирот има за цел да поттикне дијалог и да ги засили гласовите на оние кои долго време се маргинализирани.

    – Оваа конференција нека биде доказ за нашата посветеност, нашето сочувство и нашата колективна волја да направиме разлика – рече Ѓоргиевска во своето обраќање.

    На воведната сесија се обратија и Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Флоренс Бауер, регионална директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите Нации во Северна Македонија и Диене Кеита, заменик-директорка (програма) на УНФПА преку видео-обраќање.

    Преку 4 панели на различни теми, говорниците на конференцијата дадоа преглед на остварувањето на телесната автономија, дебатираат за бариерите за пристап до здравствена заштита, образование и економски можности.

    На последниот, попладневен панел на конференцијата, што започнува во 16:00 часот, покрај обраќањето на сопругите на балканските претседатели присутни во Скопје, преку видеопорака ќе се обратат и сопругите на претседателите на Република Хрватска и на Украина, Сања Мусиќ-Милановиќ и Олена Зеленска.

    На Конференцијата присуствуваат околу 100 претставници од државата и од регионот на Источна Европа и Централна Азија, претставници на ООН, на меѓународната заедница, на граѓанското општество, на младите, експерти и други засегнати страни.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img