More

    Судската администрација бара итна средба со владата

    spot_img

    Судската администрација од утре нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата уште денеска не седне на преговарачка маса со синдикатот кој бара зголемување на платите и враќање на додатоците за плата.

    Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски денеска во изјава за медиумите рече дека штрајкот нема да престане, а доколку работната група од Владата не седне на преговори, ќе стане поригорозен.

    – Владата треба да биде свесна дека доколку работната група и после овој протест не седне на маса да преговара, ќе се парализира целото правосудство. Секое понатамошно прологирање и избегнување на решение ќе предизвика дополнителен гнев кај штрајкувачите, а за последиците од тој гнев нема да биде одговорен Синдикатот на УПОЗ – рече Дејаноски.
    Она што е спорно за Синдикатот на УПОЗ е и тоа што Владата инсистира минималната плата да биде избришана како основен елемент од нивните плати.

    – Тоа значи само едно. Кога во март идната година ќе порасне минималната плата, ниту еден од овие вработени нема да добие усогласување со минималната плата. Проекцијата е дека минималната плата ќе порасне за 3.000 до 4.000 денари, што ќе направи уште еден хаос во управата, во обвинителствата и во судовите – рече Дејаноски.

    За решавање на барањата на судската администрација, Владата пред околу еден месец формираше работна група.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img