More

    Струмичките спасители се вратија од мисијата во Туркије

    spot_img

    Осумте пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица синоќа по полноќ се вратија од спасувачката мисија во подрачјето погодено од катастрофалниот земјотрес во Туркије.

    Нив синоќа ги пречека градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој им приреди прием во кабинетот и ги награди со по една просечна плата за нивната пожртвуваност, а на сите пожарникари на ТППЕ Струмица им подари бесплатен паркинг на територијата на Општината до крајот на нивниот работен век.

    Според Вернер Стоилов, водач на тимот за урбано пребарување и спасување, тие во градот Адијамен рамо до рамо работеле со преку 70 тимови од цел свет.

    – По пристигнувањето и поминати 2.200 километри веднаш бевме распоредени во градот, кој е близу сириската граница и брои околу 270 илјади жители. Најголем дел од зградите се урнати, а во останатите нема никакви услови за живеење. Има неколку илјади мртви и повредени, раселени, со еден збор ситуацијата е многу тешка – рече Стоилов.

    По пристигнувањето, од страна на турските сили за спасување, им биле дадени координати за пребарување на урната десеткатница, каде имало затрупано преку сто луѓе.

    – Работевме деноноќно. Работеа и повеќе спасувачки тимови заедно со турските спасувачки сили. На петтиот ден добивме информација дека се слуша глас од некое затрупано лице. Веднаш стапивме во акција и по пет часа успеавме да извлечеме жива жена, која беше предадена на турските медицински служби – раскажува водачот на тимот на струмичките пожарникари.

    Според него, тоа било вистинско чудо пет денови по земјотресот да биде извлечен жив човек.

    – Тоа е многу голем успех за нас како спасувачки тим. Непроценлива чест е тоа и не постои поголема награда за спасувачки тим кога ќе извлече жив човек под урнатините – подвлече Стоилов.

    Тој раскажува дека по четвртиот ден почнале да се извлекуваат се повеќе загинати, а тагата на најблиските и роднините, кои се веднаш до урнатите објектите, е голема.

    – Сепак, од локалното население почувствувавме голема почит. Не прашуваа од каде сме и кога ќе кажевме дека сме од Македонија на цел глас по нас не поздравуваа со извици Македонија, Македонија. Искажаа голема почит кон нас – раскажува Вернер Стоилов.

    Тимот на струмичките пожарникари беше во состав на Републичките сили за заштита и спасување кој беше меѓу првите што замина за Туркије.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img