More

    Старлетата откри каква ѝ е состојбата

    spot_img

    Српската старлета Сораја Вучелиќ не е тешко повредена во сообраќајната несреќа во Албанија, но, според зборовите на нејзината пријателка, има набиени ребра. Старлетата исто така немала операција поради внатрешното крвавење поради кое животот ѝ висил на конец, дознава српски „Курир“.

    Добра пријателка на старлетата успеала да стапи во контакт со Сораја, која според последните пишувања на медиумите „ја поминала и втората операција со кое ѝ било запрено внатрешното крварење“ и открила дека нема сериозни повреди опасни по живот, пишува „Мондо“.

    Сораја ѝ раскажала дека имала полесна сообраќајна несреќа и дека нема сериозни повреди, како и дека ја чека една интервенција под локална анестезија.

    „Сега сум добро, немав сериозни повреди како што пишуваат во весниците, само го набив реброто. Денеска чекам интервенција под локална анестезија, по што мислам дека сѐ ќе биде во ред“, рекла Сораја кога се јавила на својата пријателка.

    Сестрата на Сораја се огласи вчера и рече дека „била со неа во автомобилот за време на несреќата“ и рече дека „се моли да остане жива“.

    „Сара има големи повреди во стомакот и затоа дошло до двократното крвавење, како што се изразуваат медицински стручно кога станува збор за овие работи. Неколку внатрешни органи се набиени заедно со слезината и тогаш се појавува оваа појава. Се молам секој ден дека не умре, се надевам ќе се извлече жива! Палам свеќи за нејзиното здравје, страшна сообраќајна несреќа беше. Таа најлошо помина, бидејќи возеше, ние поминавме без поголеми повреди“, изјавила сестрата на Сораја, која рекла дека до несреќата дошло кога возилото зад нив почнало да претекнува, додека автомобил од спротивната лента се движел со голема брзина, па се судриле сите три автомобили.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img