More

    Станарите во Германија погодени од нов закон, цената на киријата им скокна

    spot_img

    Минатата недела Европскиот парламент гласаше за построги регулативи поврзани со енергетската ефикасност. На пример, зградите треба да постигнат одредени класи на енергетска ефикасност на ист начин како, на пример, кујнските апарати.

    Во основата, предлогот на Европската комисија има за цел да го усогласи градежниот сектор на ЕУ со климатската неутралност. До 2050 година, сите згради треба да бидат ослободени од штетни емисии, ја истакна својата цел Европската комисија.

    Затоа за новите згради треба да се применува следново: Новите јавни згради мора да бидат т.н згради со нула емисии од 2027 година, а сите останати (приватни) нови згради од 2030 година, пишува списанието Феникс.

    Според германскиот Граѓански законик (БГБ), станоиздавачите всушност можат да ја зголемат годишната кирија за осум проценти поради „трошоци направени за станот“. Како резултат на тоа, сопствениците на куќи се соочуваат со високи трошоци, а и станарите се погодени од новите регулативи.

    Ограничување на дополнителни трошоци за станарите
    БГБ наведува и дека таканаречената горна граница за зголемување на закупнината е три евра за метар квадратен во рок од шест години.

    Ако трошоците за модернизација се повисоки, тие може да не се префрлат на закупецот. Ако киријата била помала од седум евра за метар квадратен, киријата може да се зголеми за само две евра.

    Исто така, постојат бројни прописи кои сопствениците мора да ги земат предвид при реновирање или модернизирање на станбена зграда.

    И покрај тоа што се дозволени инвестиции кои би ја направиле куќата попогодна за живеење (зголемување на енергетската ефикасност или намалување на потрошувачката на вода), тоа не важи за луксузни реновирања.

    Дополнително, станарите мора да бидат известени најмалку три месеци пред почетокот на градежните работи, како и за очекуваното зголемување на киријата.

    Сопствениците можат да ги префрлат трошоците за реновирање на подзакупците
    Претседателот на здружението на станари во Германија, Лукас Зибенкотен за германските медиуми изјави дека во иднина високите трошоци за задолжителната модернизација може целосно да се префрлат на станарите.

    „Трошоците за скапи реновирање на крајот би можеле целосно да завршат на закупците. Можни се дополнителни трошоци од 200 евра“, изјави Зибенкотен, пренесува Феникс.

    Германските медиуми презентираа неколку примери за тоа што ги чека станарите во Германија:

    Реновирање на стан од 80 квадрати чини 30.000 евра.

    Осум проценти (2.400 евра) може да му се префрлат на закупецот.

    2.400 евра пресметани за една година се околу 200 евра повеќе месечна кирија.

    Друг пример од Stiftung Warentest:

    100.000 евра чини да се реновира зграда од 1.000 метри квадратни со вкупно десет стана.

    Осум проценти (8.000 евра) може да се префрлат преку кирија.

    Се зголемува киријата за осум евра за метар квадратен.

    Во стан во зграда од 100 квадрати дополнителната кирија е 800 евра годишно – што е речиси 67 евра месечно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img