More

    Средба на претседателот Пендаровски со Фатих Донмез, министер за енергетика и природни ресурси на Република Туркије

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Фатих Донмез, министер за енергетика и природни ресурси на Република Туркије.

    На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Туркије, коишто се развиваат во духот на традиционалното пријателство и партнерство.

    Соговорниците разговараа за состојбите и предизвиците во областа на енергетиката, предизвикани од војната во Украина, како и за справување со последиците врз економиите на државите, при што оценија дека и покрај добрата економска соработка, двете држави треба да ја интензивираат и соработката на енергетски план, согласно движењата на политиките во светски и европски рамки. Во тој контекст, претседателот Пендаровски изрази очекување за финализирање на меморандумот за соработка во областа на енергетиката помеѓу двете држави, што ќе придонесе за зголемување на соработката, размена на искуства и поддршка во делот на гасификацијата.

    Претседателот Пендаровски упати благодарност за долгорочната и значајна поддршка од страна на Туркије.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img