More

    Сметката за војната веќе му стигнува на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

    spot_img

    Сметката за војната веќе му стигнува на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пишува Ројтерс. Во неодамнешната статија се вели дека Нетанјаху може да се соочи со јавноста дома за одговорноста за ситуацијата во која се наоѓа Израел, но и за нападот од 7 октомври кога загинаа 1.400 луѓе, „најсмртоносниот дел од 75-годишната историја“ на земјата.

    „Дејли Сабах“, пак, пишува дека судењето може да биде и меѓународно, како што беше поведена истрага и потоа распишана потерница за рускиот лидер Владимир Путин. Весникот цитира двајца обвинители на Меѓународниот кривичен суд(МКС) од кои еден го посетил преминот Рафа кои велат дека постојат индиции да се поведе истрага за можни воени злосторства во Газа.

    Мора да го искорени Хамас или…

    „Нетанјаху ќе замине. Исто како и највисоките воени функционери, разузнавањето и ГСС (разузнавачката служба). Затоа што не успеаја“, напиша дневниот весник „Израел Хајом“ во уредничкиот коментар оваа недела.

    Дали тоа е причината што Нетанјаху војува?

    – Ако владата не го исполни она што го вети, а тоа е искоренување на Хамас, сигурен сум дека тоа нема да биде прифатено, ниту од јавноста, ниту од политичкиот систем. Но, воениот тест, иако сам по себе доволно застрашувачки, не е единствениот предизвик – изјави Дени Данон, поранешен израелси амбасадор во Обединетите нации и член на партијата на Нетанјаху.

    Војната е битка за опстанок на Нетанјаху

    Според хрватскиот аналитичар Денис Авдагиќ „ова не е само војна меѓу Израел и Хамас, ова е најголемата политичка битка на Нетанјаху за неговиот политички опстанок“.

    – Нетанјаху ќе направи сè, апсолутно сè и останува. Да се надеваме дека администрацијата на Бајден ќе го држи под контрола – вели Авдагиќ за Индекс, додавајќи дека „само САД можат да го сопрат Нетанјаху“.

    Тој го спомнува можниот судски процес кој би се водел против Нетанјаху:

    – Неговото отстранување од власта ќе доведе до сериозен судски процес и големото прашање е дали тој може да остане на слобода. Гледаме политичар кој не се двоуми да направи ништо. Можете да видите во позадината каде би сакал да работи војна што е можно подолго и брутално и имате само една земја и еден лидер во светот кој ја успорува и може да ја запре – Џо Бајден и САД.

    Можни се „мали тактички“ паузи?

    Екстремно десничарските политики на 74-годишниот Нетанјаху, контроверзниот закон за ограничување на овластувањета на Врховниот суд претходно изведоа стотици илјади Израелци на улиците. Плусинфо пишуваше и за скандалите поврзани со неговата сопруга Сара. Тие навлекоа дополнителен гнев во јавноста кога се дозна дека се преселиле во луксузна вила под која има сигурен бункер во случај на поголема катастрофа.

    Израелскиот министер за еврејско наследство го спомна изразот „нуклеарен напад“ во неделата, па брзо беше разрешен. Зборовите ја изненадија меѓународната заедница. Во меѓувреме, наврши еден месец од војната, а Обединетите Нации уште не ја договорија резолуцијата во врска со случувањата во Газа.

    Ројтерс напиша дека Нетанјаху изјави дека Израел е подготвен на можни „мали тактички паузи“ во инвазијата за продор на хуманитарна помош или за движење на заложници, алудирајќи на „хуманитарните паузи“ на кои повикаа САД во Обединетите Нации.

    Може да биде суден, но ќе има и право да се брани

    Но, освен судење дома Нетајаху се соочува и со можна потерница од Меѓународниот суд на правдата, како во случајот со рускиот лидер Владимир Путин, пишува „Дејли Сабах“.

    „Додека Путин се соочи со брз налог за апсење во случајот со Украина, и покрај цивилните жртви, сè уште нема потерници во случајот со Палестина. МКС мора да издаде налози за Нетанјаху за да обезбеди непристрасност“, се вели во статијата.

    Според Римскиот статут на МКС, се објаснува во текстот, воен командант или лице кое ефективно дејствува како воен командант ќе биде кривично одговорно за злосторства во јурисдикција на судот извршени од сили под негова ефективна команда и контрола.

    „Римскиот статут предвидува и легитимна одбрана. Сепак, оваа одбрана не е толку едноставна. Всушност, дури и учеството во одбранбена операција спроведена од воени сили само по себе не претставува причина за отстранување на кривичната одговорност (31/1-в). Во оваа рамка, МКС ќе ја процени легитимната одбрана и пропорционалноста во секој конкретен случај“, се додава во текстот.

    Весникот обзбани и дека Палестинската влада го известила МКС дека прифаќа судот да биде надлежен да одлучува за воени злосторства врз „окупирана палестинска територија“ вклучително и за случувањата во Источен Ерусалим во 2014 година.

    Самиот МКС во февруари 2021 пресуди дека има јурисдикција да одлучува за палестинските територии од „границите од 1967 година“ кои „Палестина секогаш има право да ги брани“.

    Доволно индиции за МКС да започне истрага

    Луис Морено Окампо, поранешен обвинител на МКС, изјави дека со целосна блокада на Газа, може да се смета дека се извршени злосторства против човештвото и геноцид и дека МКС може да спроведе истрага.

    Карим Кан, обвинител на МКС кој го посети граничниот премин Рафах, исто така во неодамнешната изјава нагласи дека има докази дека палестинските цивили биле повредени во Газа и дека биле извршени воени злосторства.

    Од друга страна, Ал Џезира напиша дека семејствата на девет жртви од Израел поднеле тужба во МКС за геноцид извршен од страна на терористичката група Хамас во нападите од 7 октомври со кои започна војната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img