More

    Силно торнадо на северот на Франција понесе покриви од куќи

    spot_img

    Силното торнадо во градот Бихукур во провинцијата Па де Кале на северот на Франција однесе покриви на многу куќи.

    Според „Франсинфо“ силно невреме и торнадо го зафати градот Бихукур.

    Градоначалникот на Беноа, Винсент Кеј изјави дека торнадото за малку ќе го уништило нивното соседство.

    Како што рече, делумно се уништени некои куќи и црквата, а торнадото однело покриви на десетици домови.

    Тој додаде дека речиси половина од населението не може да живее во своите домови поради предизвиканите штети.

    Дожд, град и силни ветрови предизвикаа сериозни штети и во провинцијата Сом.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img