More

    Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски само во 3 – Победа со повеќе од 180.000 гласови разлика

    spot_img

    Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 99,85% од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои  кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 180.306 (19,93%).

    Трет е Бујар Османи од ДУИ со 120.903 (13,36%), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 83.356 (9,21%), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 83.787 (9,26%), Билјана Ванковска поддржана од Левица 41.172 (4,55%) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 8.103 (0,90%).

    Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина.

    Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91%), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77%), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),

    Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).

    Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %)

    Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %).

    Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски на последната прес-конференција синоќа пред полноќ истакна дека излезноста на гласачите според податоците од 3.156 избирачки места изнесува 49,75 отсто. На гласање излегле 810 971 гласачи. Важечки гласачки ливчиња се 789 031, а неважечки 21. 946 гласачки ливчиња.

    Право на глас имаа 1.814.317 граѓани запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати.

    Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

    За да се избере претседател во првиот круг, потребно е еден од кандидатите да освои мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи, односно 907.159 гласови. Имајќи предвид дека никој не го доби потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови – Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски. Вториот изборен круг ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентраните избори.

    Ова се седми непосредни избори за претседател од независноста на државата. Претходните беа одржани во 1994, 1999, 2004, 2009, 2014 и во 2019 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img