More

    Хамас е спремен за примирје со Израел: „Решението е договор, но под еден услов“

    spot_img

    Потпретседателот на политбирото на Хамас за Газа, Халил ал-Хаја, изјави дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку биде воспоставена палестинската држава со границите од 1976 година, што претставува познато „решение со две држави“.

    Ал Хаја нагласи дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот Брег и на Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.

    Тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено и оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.

    – Израелските сили не уништија повеќе од 20% од силите на Хамас. Ако не можат да го докрајчат Хамас, кое е решението? Решението е договор – изјави Ал Хаја.

    Хамас, како што наведе тој, направи отстапки за време на преговорите со Израел, но нема да се откаже од барањето за траен прекин на огнот и за целосно повлекување на израелските војници.

    – Ако не сме убедени дека војната ќе заврши, зошто да ги предадеме затворениците – праша Ал Хаја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img