More

    Силен ветер ќе ја намали температурата

    spot_img

    Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди во претпладневните часови. Веќе од попладне УХМР најавува зголемување на облачноста и повремени дождови, најпрво во западните, а во вечерните и во ноќните часови и во останатите подрачја од земјата.

    Се очекува наместа врнежите да бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

    Во Скопската котлина ќе биде променливо облачно, во вечерните и ноќните часови облачно со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.

    Во текот на утрешниот ден пак во раните утрински часови исто така ќе има променливо облачно со повремен локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец.

    Од понеделник исто така не очекува променливо време, но дождови ќе има претежно во планинските подрачја повремено, а ќе дува слаб до умерен ветер, кои наместа ќе биде засилен и од северен правец.

    Максималната дневна температура денеска ќе достигне до 28 степени во јужните делови на земјата, а слично ќе биде и во текот на утрешниот ден, кога температурата ќе почне да опаѓа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img