More

    Си Џинпинг во понеделник ќе пристигне во Русија, соопштени се деталите за посетата

    spot_img

    Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во државна посета на Русија од 20 до 22 март на покана на рускиот претседател Владимир Путин, а фокусот ќе биде ставен на натамошниот развој на партнерските односи меѓу двете земји, објави во петокот Кремљ.

    „Двајцата лидери ќе разговараат за тематски прашања за понатамошен развој на сеопфатни партнерски односи и стратешка соработка меѓу Русија и Кина“, соопшти Кремљ.

    Посетата ја потврдија и од кинеското Министерство за надворешни работи.

    „Целта на посетата е дополнително продлабочување на билатералната доверба“, изјави портпаролот на министерството Ванг Венбин, додавајќи дека шефот на кинеската држава ќе размени мислења со Путин за клучните меѓународни и регионални прашања.

    За време на посетата ќе бидат потпишани повеќе билатерални документи.

    Посетата доаѓа во време кога Кина се нуди себеси како посредник за постигнување мир во Украина, но Западот е скептичен за дипломатската поддршка на Пекинг за Русија.

    Во февруари 2022 година, за време на посетата на Путин на Пекинг во пресрет на отворањето на Зимските олимписки игри, двајцата лидери означија нова ера во односите на нивните земји со најава за почеток на стратешко партнерство „без граници“.

    Путин и Кси потпишаа заедничка изјава од 5.300 зборови на 4 февруари, пред церемонијата на отворањето на Олимпијадата, документ кој нуди рамка за понатамошна политичка, економска и воена соработка, покажувајќи заеднички фронт кон Западот.

    Оттогаш, двете страни не пропуштија ниту една можност да ја потврдат силата на нивната врска. Од инвазијата на Украина, трговијата вртоглаво порасна. Кина е најголемиот купувач на руска нафта, која е еден од клучните извори на приходи за Москва.

    Во декември 2022 година, Путин и Кси одржаа видео средба на која Путин го покани Кси да ја посети Москва следната пролет.

    „Те очекуваме претседателе, драг пријателе, те очекуваме на пролет во државна посета на Москва“, рече Путин.

    Тогаш тој рече и дека односите меѓу Русија и Кина ги поминале сите тестови и станале „најдобри во историјата“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img