Швајцарија го задржува имотот на Централната банка на Руската Федерација (ЦБРФ) во износ од 7,57 милијарди евра, соопшти денеска владата на земјата.
Како што е соопштено, имотот на ЦБРФ е замрзнат од 25 март минатата година, кога беа забранети сите трансакции со оваа банка.
Швајцарската влада соопшти и дека ги следи дискусиите во ЕУ за тоа дали замрзнатите руски пари треба да се инвестираат и приходот да се искористи за обнова на Украина.
Покрај имотот на ЦБРФ, Швајцарија замрзна уште 7,68 милијарди евра, кои се поврзани со лица, компании и субјекти на списокот со санкции насочени против Москва.
Русија претходно објави дека како резултат на западните санкции и се замрзнати меѓународните девизни резерви во вкупен износ од 273,18 милијарди евра.