More

    Штрајк во Бугарското МНР

    spot_img

    Вработените во бугарското Министерството за надворешни работи од денеска почнуваат со штрајк поради ниските плати.

    Вработените во секторот денеска ќе одат на работа, но нема да ги извршуваат службените задачи, изјави за БТА претседателот на Синдикатот на државните службеници од Дипломатските служби Мартин Колев.

    Според него, во моментов не е планирано да протестираат пред министерството. Колев потсети дека официјалните лица тоа го направиле во средата.

    Просечната плата во тоа бугарско министерство е од 800 до 1.000 лева, објавија локални медиуми. Платите на вработените во МНР треба да се зголемат за 30 отсто. Тоа му го предложил бугарскиот министерот за надворешни работи Николај Милков на вршителот на должноста премиер Галаб Донев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img