More

    Штрајк на транспортните работници во Грција: Бродовите остануваат закотвени во пристаништата, возовите не сообраќаат

    spot_img

    Работниците во транспортниот сектор утрово стапија во штрајк, поради што бродовите останаа закотвени во пристаништата, а во прекин е и железничкиот сообраќај.

    На прекинот на работата се приклучија и возачи на автобуси и таксисти, така што голем број патишта во центарот на Атина беа преполни, бидејќи работниците тргнаа на работа со сопствен превоз. Работниците бараат повисоки плати за да се справат со зголемените трошоци за живот.

    Работниците одговорија на еднодневниот штрајк на најголемиот грчки синдикат на приватниот сектор ГСЕЕ, кој вели дека платите продолжуваат да заостануваат зад нивните европски колеги.

    Во текот на овој месец Грција го зголеми минималниот месечен приход за 6,4 отсто на 830 евра, што е четврти последователен слично зголемување во изминатите пет години.

    Сепак, работниците тврдат дека зголемувањето на платите не е доволно за покривање на поскапувањето на храната и сместувањето.

    „Пораката е јасна, работниците не можат да врзат крај со крај со ниски плати и постојано зголемување на цените“, се посочува во соопштението на ГСЕЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img