More

    Шолц ги убедува сите дека ќе ја поседува „најопремената армија“

    spot_img

    Германија е подготвена за водечка воена улога за да ја обезбеди безбедноста на Европа, изјави во петокот германскиот канцелар Олаф Шолц, јавува Н1. Неговата силна изјава доаѓа по информациите дека САД и сојузниците подолго време се незадоволни од количината на оружје и помош кои земјата ги доставува на Украина, за што Плусинфо веќе пишуваше.

    Говорејќи на воената конференција во Берлин, Шолц рече дека рускиот напад врз Украина бил пресвртница во историјата, предизвикал промена на парадигмата во безбедносните работи и направил да биде неопходно Германија да ја зајакне својата војска.

    Тој посочи дека Германија е најнаселената земја во ЕУ и најголемата економија, тврдејќи дека германските вооружени сили (Бундесверот) треба да станат „најдобро опремена армија во Европа“.

    – Германија е подготвена да преземе водечка улога, да преземе одговорност за безбедноста на нашиот континент – рече Шолц и се обиде да ги увери соседните земји во плановите на Берлин.

    Тој рече дека „нивните европски пријатели и партнери не треба да ја гледаат оваа цел како закана“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img