More

    Шокантно сведоштво на човекот со кого пејачката била во бурна врска и имала три абортуси

    spot_img

    Популарната српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, во младите години имала бурна врска со сопственик на дискотеки низ Швајцарија кој е муслиман и во тој период бил оженет и имал семејство. Според шокантното сведоштво на Мухамед Харо Самарџиќ, тврди дека Цеца тогаш уште Величковиќ, била многу вљубена во него иако тој бил оженет и од друга вера. Таа на возраст од дваесетина години  избегала од родното Житораѓа кај него во Швајцарија.

    Врската им била идилична сè додека таткото на Цеца не побарал од Жељко Ражнатовиќ, кој подоцна ќе и стане сопругм како знае и умее и да ја извлече неговата ќерка од недозволената врска и да ја врати дома.

    По неколку месеци така и било. Додека Харо и Цеца биле во хотелска соба затропале луѓето на Аркан и ја зеле Цеца, а него го однеле на непозната локација.

    – Додека лежеше гола во кревет, затропаа на вратата неколку непознати лица и ми рекоа да се симнам во лобито. Ми ставија црна вреќа за да не знам каде ме носат. Ме оставија 20 дена без храна и вода само со неколку скапани јаболка. Беше студено и мрачно. По 20 дена илегално ме однесоа во Бјелина бидејќи ги слушнав дека тоа го споменаа. Оттаму ме однесоа на унгарската граница и ми кажаа дека сум слободен – раскажува Харо за неговата бурна врска со познатата пејачка.

    Подоцна дознал дека за неговата слобода семејството платило 700.000 марки.

    Тој е убеден дека Цеца го организирала киднапирањето бидејќи тој никогаш не планирал да се ожени со неа.

    – Да сакав да имаме нешто повеќе немаше да оди на абортус. Беше три пати трудна. Не сакав да роди, а таа по секоја цена сакаше мое дете. Во 1993 година последен пат абортираше од мене во Србија – открива Самарџиќ во шокантното сведоштво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img