More

    Американците негодуваат во врска со барањето на Киев

    spot_img

    Украина се обратила до администрацијата на претседателот Џо Бајден со барање за помош да се лоцираат цели во Русија врз кои Киев би можел да нанесе удари со сопствено оружје, соопшти синоќа „Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори во Белата куќа.

    – Тиe ги замолија (САД) за помош да се нанесат удари во Русија. Стануваше збор не само за вооружени системи, но и дополнителна помош за нанесување удари по руски воени лица – изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на САД генерал Чарлс Браун.

    Исто така, Киев го побарал од Вашингтон да дозволи користење американско оружје за удари по територијата на Русија. Барањето се случува откако Русија го искористи доцнењето на испораките на американско оружје со што нејзините сили извршија пробив во Харковска област, што стана најуспешната операција на Москва во изминатите година и пол.

    Барањето на Киев поставено минатата недела сè уште се разгледува.

    Ако САД го задоволат барањето на Украина тоа ќе укажува на сериозни промени во политиката на американската администрација која се стреми да го намали ризикот од ескалација меѓу Вашингтон и Москва истовремено подржувајќи го Киев, истакнува изданието.

    Според извор во Белата куќа, САД не ја подржуваат иницијативата на украинската страна,

    – Ние не охрабруваме и не дозволуваме удари по територијата на Русија – изјави Џон Кирби, директор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност во Белата куќа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img