More

    Шер потврди дека е во врска со 40 години помладиот Александер

    spot_img

    Пејачката Шер (76) призна дека е во љубов со продуцентот и рапер Александер Едвардс (36), пишува „Мирор“.

    Шер споделила фотографија од нејзиниот нов партнер и напишала дека тој ја третира „како кралица“.

    „Љубовта не знае математика“, додала таа.

     

    Шер и Александер минатата недела беа забележани заедно во ресторан во Западен Холивуд, папараците ги уловија како насмеани се држат за раце. По вечерата отишле во ноќен клуб, каде им се придружил раперот Тајга.

    Шпекулациите за врската на парот ги започнаа обожавателите кои го забележале однесувањето на пејачката.

    „Вљубена е“, рекле за Шер.

    Шер претходно се забавуваше со Том Круз, Ворен Бити и беше во брак со Сони Боно една деценија, додека Александар се забавуваше со Амбер Роуз и призна дека ја изневерувал за време на нивната врска.

     

    Но,  Шер ги отфрла стравовите на обожавателите за него велејќи: „Јас сум вљубена, но не сум заслепена“. Обожавателите се убедени дека младиот Александер ја искористува, па затоа се загрижени.

    Пејачката додала дека со Александер првпат се запознале на Модната недела во Париз минатиот месец и дека веќе го запознала со своето семејство.

    Инаку, продуцентот Александер е помлад од нејзините синови Чаз Боно и Илија Блу Алман.

    ФОТО: Инстаграм/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img