More

    Кралот Чарлс Трети бил опседнат со оваа холивудска актерка

    spot_img

    Кралот Чарлс Трети порано, наводно, бил тајно вљубен во холивудската актерка и пејачка. Додека студирал на Универзитетот Кембриџ кон крајот на 1960-тите, младиот принц станал „опседнат“ со Барбра Стрејсенд, пишува „Мирор“.

    Додека неговите колеги студенти ги слушале песните на „Лед Цепелин“ и „Ролинг стоунс“, Чарлс ги поминувал деновите уживајќи во албумите на Барбра, а негов личен фаворит бил саундтракот на нејзиниот филм „Смешна девојка“ од 1968 година.

    „Луѓето ме гледаат со чудење кога велам дека е опасно привлечна со голема доза на сексапил“, напишал во една прилика Чарлс.

    Според Кристофер Андерсен, писателот зад претстојната биографија на Чарлс „Кралот: Животот на Чарлс Трети“, кралот бил толку опседнат со актерката што ги врамувал нејзините фотографии.

    „Во неговите соби во Кембриџ и Бакингемската палата висеше врамена фотографија од Стрејсенд“, пишува Андерсон.

     

    Додека служел како офицер во Кралската морнарица, 26-годишниот Чарлс побарал средба со Барбра Стрејсенд. Принцот и актерката зборувале 15 минути и испиле кафе за време на состанокот, а Барбра рекла дека била многу „нервозна“ во негово присуство.

    Подоцна повторно се сретнале во Лондон во април 1994 година, кога таа настапила за неговата добротворна организација „Prince’s Trust“ во арената „Вембли“.

    Во едно радио интервју во јули минатата година, Чарлс, како „голем обожавател“ на Барбра, ја наведе песната „Don’t Rain on My Parade“ како една од неговите омилени.

    „Во 1974 година, кога служев во кралската морнарица како помлад поручник на фрегатата ХМС Јупитер, бевме повикани во поморската база на Соединетите Американски Држави во Калифорнија, кога слушнав дека Барбра го снима филмот „Смешна дама“. Имав среќа да го посетам сетот и таму да ја запознам.

    Никогаш нема да го заборавам нејзиниот талент и привлечноста на нејзиниот глас и нејзината актерска способност. Песната „Don’t Rain on my Parade“ ми буди посебни спомени, едвај се осмелувам да размислувам за тоа сега, а сето тоа се случи пред 47 години“, рекол кралот.

     

    Чарлс дури ѝ испратил на Барбра многу посебен подарок, но нејзината помошничка мислела дека тоа е подарок од обожавател.

    „Поминав покрај собата и видов букет цвеќе и ја прашав асистентката: „Кој ми го испрати ова? А таа рече: „Обожавател по име Чарлс“. Ѝ реков: Сериозно? Да ја видам пораката. И таму беше печатот на принцот Чарлс“, се присетила еднаш Стрејсенд.

    Таа забележала дека цвеќињата изгледаат уникатно бидејќи се од кралски градини, а не од цвеќарници.

    „Беше толку смешно, си помислив: „Тоа е принцот Чарлс! Тоа беше пред да ја запознае Дијана“, открила таа.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img