More

    Шакира утре е на суд во Барселона под обвинение дека ги измамила шпанските даночни власти за 14,5 милиони евра

    spot_img

    Kолумбиската латино-пејачка Шакира, добитничката на Греми, утре е на суд во Барселона под обвинение дека ги измамила шпанските даночни власти за 14,5 милиони евра (12,7 милиони фунти). 46-годишната музичарка, која живее во Мајами со своите две деца, може да се соочи со осум години затвор и парична казна од 24 милиони евра доколку биде прогласена за виновна, пишува британски „Гардијан“.

    Случајот се заснова на тврдењето дека од 2012 до 2014 година Шакира поминала повеќе од шест во Шпанија, со што имала обврска да плати данок, но таа негира. За да докаже дека таа живеела во Шпанија обвинителството повика 117 сведоци, меѓу кои фризери, техничари во студио, професори по танц, терапевти, козметичари, гинеколози и нејзиниот возач.

    Пејачката ги обвинува даночните власти дека воделе кампања за да го нарушат нејзиниот имиџ и да направат пример преку неа за другите шпански даночни обврзници, додека обвинителството тврди дека таа намерно планирала да ја измами државата, криејќи ја својата заработка во даночните раеви.

    – Ова се лажни обвинувања. Прво, јас воопшто не поминував 183 дена годишно таму во тоа време. Бев зафатена со исполнување на моите професионални обврски ширум светот. Второ, платив сè што тие тврдеа дека сум должна, дури и пред да поднесат тужба. Значи, денес им должам нула – рече Шакира во интервју минатата година.

    Поради гласините дека таа го отфрлила договорот за признавање вина, со што би избегнала затворска казна, судењето се очекува да трае до 14 декември. Без оглед на исходот од случајот, пејачката се соочува со одделни обвиненија за неплаќање 6,6 милиони евра данок во 2018 година.

    – Шпанските даночни власти видоа дека излегувам со шпански државјанин и почнаа да плукаат по мене. Јасно е дека сакаа да ме гонат и тргнаа по тие пари без разлика на сè. Тие знаеја дека не сум во Шпанија потребното време, дека Шпанија не е моето место на работа или мојот извор на приход, но сепак ме гонат, со очи вперени во наградата – рече Шакира.

    Шакира се раздели од својот партнер Жерар Пике минатата година, откако се дозна дека тој имал афера со помлада старлета.

    Минатата недела на церемонија во Севиља Шакира освои три латино Греми награди, вклучувајќи и награда за најдобра песна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img