More

    Ѓоковиќ лесно го совлада Синер и го освои трофејот во Торино

    spot_img

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ убедливо, со 2:0 во сетови (6:3, 6:3) го победи италијанскиот тенисер Јаник Синер и стигна до својата седма титула на завршниот Мастерс турнир во Торино, Италија.

    Од самиот старт можеше да се забележи мотивираноста на Ѓоковиќ да му се реваншира на Синер за поразот во групната фаза.

    Во четвртиот гем од првиот сет најдобриот светски тенисер поведе со 3:1. До крајот на првиот сет Ѓоковиќ сигурно го чуваше својот сервис и за 38 минути игра поведе со 1:0.

    Во вториот сет уште на стартот со брејк поведе со 1:0. Најголемата шанса да се врати во мечот Синер ја пропушти во шестиот гем кога испушти две брејк топки во низа, а Ѓоковиќ успеа да се врати и да го добие сетот со 4:2 гемови.

    До крајот Ѓоковиќ не беше убедлив како во првиот сет, но Синер правеше грешки во клучни моменти, па Ѓоковиќ го искористи тоа за да го освои сетот со 6:3 и да дојде до титулата.

    Во изјава после мечот, Ноковиќ рече дека „работите се закомплицираа во вториот сет“. Тој рече дека применил поинаква тактика во однос на претходниот меч со Синер.

    – Имав шанси за дупли брејк, и тогаш работите малку се искомплицираа. Тој имаше 15:40 и 0:30, но ете, некако успеав да останам присебен, не беше лесно, се разбира, особено пред публика која беше многу гласна. Се случуваше се, ама токму затоа и победата беше послетка – рече Ѓоковиќ по натпреварот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img