More

    Сејдини вели правецот е откриен и треба да се следи

    spot_img

    Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини на денешното редовно Генерално собрание на федерацијата изрази задоволство од работата во изминатата година, потенцирајќи дека искрената и мотивирана работа се клучни за најголемите успеси, а тоа е правецот и за во иднина.

    Првиот човек на македонскиот фудбал нагласи дека не може постојано да се живее на стара слава или од пласманот на Европското првенство, вели дека федерацијата мора секојдневно да напредува.

    – Да не беа сурови некои животни судбини, после сите остварени резултати во 2021 година, ова Собрание можеше да биде одржано во празнична атмосфера. Горд сум на постигнатите резултати на ФФМ. Благодарност до сите, тоа е плод на нашата заедничка работа. Без желба да ги повторувам и набројувам успешните моменти од минатата година, сепак би сакал да ја искористам оваа прилика да им честитам на фудбалерите и селекторот на македонската А репрезентација за пласманот во баражот за Светско првенство.Тоа е успех со кој може да се гордее секој фудбалер, тренер и административец во нашиот фудбал. Посакувам успех против Италија на 24 март. Бидете храбри и предизвикајте го Европскиот првак. За сѐ друго ја имате нашата поддршка –  им порача Сејдини на македонските фудбалери.

    Се осврна и на младата селекција.

    -Би сакал да им посакам успех и среќа на македонската репрезентација до 21 година и на селекторот Канатларовски во продолжение од квалификациите за Европското првенство. Имаме добра прилика да се бориме за висок пласман и се надевам дека ќе успееме да ја искористиме. Се разбира, целите кои ги поставивме и во натпреварувањата во кои учествуваат помладите национални селекции ја имаат целата поддршка од федерацијата во намерата да ги остварат – додаде Сејдини.

    Првиот човек на ФФМ порача дека и понатаму ќе се вложува во инфраструктурата со цел подобрување на условите за работа.

    -Имаме план и програма и одиме чекор по чекор. Наша цел е да продолжиме да вложуваме во инфраструктурата, но и да ја поттикнеме локалната самоуправа да се вклучат во помагање на клубовите, да бидат партнери. Генералната стратегијата „Обединети од фудбалот“ мора да биде клучен документ кој треба да одговори во кој правец се движиме и како да се поставиме пред предизвиците кој ни доаѓаат. Не можеме вечно да живееме на стара слава и на пласманот на Европското првенство. Од ден на ден мораме да се стремиме кон подигнување на квалитетот на работа на федерацијата на сите нивоа и во сите сегменти. На крајот повторно ќе кажам, оваа федерација потврди дека со искрена и мотивирана работа ги постигнавме најдобри резултати во историјата на македонскиот фудбал. Тоа е нашиот правец и за иднината – заклучи Сејдини.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img