More

    Залихи засега има, а чека Србија да ги отвори границите за увоз на сончоглед

    spot_img

    Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја посети фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип и направи увид како се спроведуваат одлуките кои што ги донесе Владата по предлог на Министерството за економија за заштита на домашното производство на основни прехранбени производи.

    Бектеши истакна дека домашните капацитети за производство на оснoвни прехранбени производи се ставени во полн капацитет, а мерките кои што беа донесени од Владата имаат за цел да се избегнат ценовните шокови и да се заштитат граѓаните.

    -Има доволно количини на основни прехранбени производи од домашно производство. Северна Македонија има многу подобри цени споредено со земјите во регионот, а цените дополнително ќе се намалат во наредниот период и како резултат на одлуката за намалување на маржите и како резултатите на намалувањето на ДДВ на основните прехранбени производи од 5 на 0 отсто за што законското решение беше донесено вчера од страна на пратениците во Собранието – вели Бектеши.

    Генералниот директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски а во чија сопственост е и фабриката „Брилијант“-Штип потенцираа дека ги следат одлуките кои што ги носи Министерството за економија и најтранспарентно ги спроведуваат.

    -Нема да има недостиг на масло за јадење, има доволно залиха и производство. Нема потреба од паника кај граѓаните да купуваат големи количини. Ние како производител на масло за јадење ги следиме и најтранспарентно ги спроведуваме одлуките на Министерството за економија – вели Наумоски.

    Наумоски вели дека од ден на ден се менуваат ситуациите и не може да каже дали ќе има проблеми со обезбедување суровина.

    – Се надеваме дека нема да имаме проблем. Ние имаме потпишано договори. „Витаминка“ е сериозна компанија и обично за 3 месеци залихи чуваме за сите репроматеријали и суровини. Се надеваме дека соседството ќе ги отвори границите за извоз на суровини и дека нема да имаме проблем за наредниот период за истекот на 3 месеци. Мислам добивме уверување од министерот дека сериозно се работи, дека со РСрбија ќе се договорат отворените граници за проток на пченица, брашно, масло. Така да мислам дека за 3 месеци нема да имаме проблеми, ќе ги реализираме нашите договори што  ги имаме со Србија – вели Наумоски.

    Македонските граѓани годишно користат  околу 25.000 тони масло за јадење, покажуваат анализите на Наумоски. Тој додаде дека цената сончогледот секојденвно раст поради актуелната состојба меѓу Русија и Украина,

    -Инаку Русија и Украина се најголемите производители на масло за јадење во светот, негде околу 55 отсто двете земји имаат производство на сончогледово масло. Цените одат горе, но мислам повеќе тоа е психоза дека ќе се стабилизира цената, дека ќе се врати. Тие количини што не се извезувата сега мора еден ден да излезат и очекуваме дека за брзо ќе се стабилизира ситуацијата и се  надеваме дека војната за брзо ќе запре во тој регион – вели Наумоски.

    Македонските компании за производство на масло за јадење суровините најмногу ги снабдува од Србија, Бугарија, бидејќи  како што рече, ние немаме големи капацитети за да купуваме бродски транспорт на масло сурово за јадење од Украина или од Русија.

    Тој додаде  дека трошоците им се зголемени од 20 до 30 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img