More

    Сè повеќе патници пристигнуваат на американските аеродроми со оружје, еден дури и со автоматска пушка

    spot_img

    Во некои делови на САД се повеќе патници се обидуваат да внесат оружје на аеродромите, поради што Управата за транспортна безбедност го вклучи алармот, јавува Би-би-си.Минатата година на контролните пунктови на аеродромите беше пронајдено рекорден број оружје, а од Управата тврдат дека годинава може да се надмине.

    Агенцијата откри рекордни 6.542 парчиња оружје на контролните пунктови на аеродромите низ САД минатата година, а околу 88 отсто беа наполнети со муниција.

    На патниците им е дозволено да пакуваат истоварено огнено оружје во чекираниот багаж, кој оди во багажот на авионот.

    Од нив се бара да ја известат авиокомпанијата дека имаат намера да патуваат со оружје, но оружјето не е дозволено во патничките кабини, дури и ако патникот има дозвола да го носи.

    Управата денеска наведе драстичен пример за прекршување на прописите, кога на 14 февруари патник се обиде да донесе автоматска пушка со дури 163 парчиња муниција на аеродромот во Њу Орлеанс.

    Минатата година максималната казна за внесување огнено оружје на аеродромите без дозвола беше зголемена на 14.950 долари, со можно апсење, но тоа не придонесе за намалување на бројот на прекршоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img