More

    Израелскиот амбасадор на говорница ја уништи Повелбата на ОН

    spot_img

    Израелскиот амбасадор Гилад Ердан предизвика инцидент за време на денешната дебата во Генералното собрание на Обединетите нации, кога на сцената уништи копија од Повелбата на ОН, тврдејќи дека оваа организација ја прекршила сопствената повелба дозволувајќи Палестина да биде прифатена како членка.

    – Денеска ќе ви подигнам огледало – рече Ердан, вадејќи ја машината за уништување хартија во која уништи копија од Повелбата.

    – Со свои раце ја уништувате Повелбата на ОН. Да, да, тоа е она што го правите. Уништување на Повелбата на ОН. Срам да ви е – рече израелскиот амбасадор.

    Претходно, за време на расправата за претстојната резолуција, тој рече дека Обединетите нации се обидуваат да дозволат „терористичка држава“ да стане членка.

    Ердан заклучи дека палестинската држава ќе ја води „Хитлер на нашето време“.

    Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации, со која се повикува Советот за безбедност на ОН да го разгледа членството на Палестина во оваа светска организација, беше усвоена во петокот со 143 гласа „за“, 9 гласа „против“ и 25 воздржани.

    Резолуцијата го повикува Советот за безбедност „поволно да ја преиспита работата“ и се нагласува дека „палестинската управа е квалификувана за членство во Обединетите нации“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img