More

    Сѐ за „Жан де Бари“, филмот што го отвори Канскиот филмски фестивал

    spot_img

    Новото издание на Канскиот филмски фестивал синоќа го отвори филмот „Жан де Бари“ (Jeanne du Barry), кој е специфичен пред се, поради една работа.

    Во прашање е остварување во кое глуми никој друг, туку Џони Деп. Ова е првата улога на американскиот актер по неговото познато судење со поранешната сопруга Амбер Херд.

    Да се потсетиме, холивудската суперѕвезда Џони Деп беше обвинет за семејно насилство, но на крајот беше ослободен од обвиненијата.

    Деп се врати на актерството, а неговиот прв ангажман по судењето беше во филмот „Jeanne du Barry“. Во ова остварување Џони Деп го игра познатиот крал на Франција, кралот Луј Петнаесетти, кој се заљубува во проститутка.

    Драмата е инспирирана од животот на Жан де Бари, последната кралска љубовница на Луј Петнаесетти на дворот на Версај, по Мадам де Помпадур.

    Филмот „Jeanne du Barry“ е дело на режисерката Мејвен, која исто така глуми во филмот. И тоа го толкува ликот на Жан де Бари.

    Тиери Фремо, директорот на Канскиот филмски фестивал, ја бранеше одлуката за отворање на овогодинешниот настан со „Jeanne du Barry“ со Џони Деп во главната улога.

    На прашањето од „Вариети“ за „контроверзниот избор“ да се отвори фестивалот со враќањето на Џони Деп, Фремо рече: „Воопшто не го гледам филмот на Мејвен како контроверзен избор, бидејќи ако на Џони Деп му биде забрането да работи, тоа би било поинакво, но не е така. Знаеме само едно, тоа е правосудниот систем и мислам дека тој го доби правниот случај. Но, филмот не е за Џони Деп“.

    Секако, беше интересно да се види како толпата во Кан реагира на Џони Деп по сите тие обвинувања за семејно насилство. Деп беше поздравен со големи овации како на црвениот тепих, така и на прикажувањето на филмот.

    ФОТО: Инстаграм/WhyNotProduction

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img