More

    Руското Министерство за одбрана соопшти дека го довршило повлекувањето на силите од западниот брег на реката Дњепар во украинската јужна област Херсон

    spot_img

    Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека го довршило повлекувањето на силите од западниот брег на реката Дњепар во украинската јужна област Херсон, јави Тасс.

    Во неговиот дневен извештај, што го цитираа руските новински агенции, Министерството информираше дека сите руски сили и опрема се префрлени на левиот или источниот брег на реката.

    Повлекувањето било завршено утрово до 5 часот по локално време. Русија нареди повлекување во средата, откако изјави дека обидите за одржување на нејзините позиции и снабдувањето на силите се „залудни” во светло на растечката украинска контраофанзива.

    Кремљ денеска објави дека повлекување на руските сили од Херсон нема да го промени статусот на регионот, што Москва го прогласи за дел од Русија, се вели во соопштението на руското МО.

    Русија ги окупира Херсон и три други украински области, откако во септември го одржа тоа што го нарече референдуми, нешто што Киев и западните влади го осудија како незаконско и присилно. Но, неодамна објави дека нејзините сили, соочени со голема украинска контраофанзива, ќе се повлечат од градот Херсон.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков пред новинарите истакна оти статусот на регионот е „фиксен” и дека не се возможни промени.

    – Тоа е дел од Руската Федерација – законски фиксирано и дефинирано. Нема и не може да има промена – подвлече Песков.

    Како што појасни тој, Москва не жали што објави анексија на Херсон и останатите три региони на триумфалната церемонија во главниот град на Русија на 30 септември, кога рускиот претседател Владимир Путин рече дека четирите области ќе останат дел од државата „засекогаш”.

    Во првите јавни коментари на Кремљ, по најавата на министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека руските сили ќе се повлечат од градот Херсон на спротивната страна од Дњепар, Песков посочи оти тоа е одлука на Министерството за одбрана и тој „нема што да додаде”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img