More

    Песков го бранеше својот претседател, „градот уште е дел од Русија“

    spot_img

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, смета дека неговиот претседател Владимир Путин не е понижен поради фактот што руската војска денеска целосно се повлече од градот Херсон во Украина, ниту пак жали што Херсон бил припоен кон Русија само неколку недели претходно на официјална церемонија, јавува Индекс.

    –  Значи, не мислите дека тоа е понижување за претседателот? – го прашал новинарот Вил Вернон од Би-Би-Си првиот човек на Кремљ.

    – Не – одговорил Песков.

    –  Дали жалите што во Кремљ што одржавте таква церемонија, пред само неколку недели, за припојувањето на Керсон?

    – Не – кратко рекол портпаролот.

    Песков пред новинарите на агенцијата Франс Прес инсистираше дека Херсон е сѐ уште дел од Руската Федерација.

    – Тој (Херсон) е субјект (дел од) Руската Федерација. Нема и не може да има никаква промена во тоа – изјавил Песков.

    Дека Русите се повлекоа од Херсон, денеска официјално потврди самиот Кремљ. Украинските сили се скептични дека Русите туку така ќе го отстапат градот. Постојат стравувања дека се поставени мини и дека се работи за некаква воена стапица и стратегија. Истовремено, Русите ја засилуваат одбраната во другите градови во Доњецк и Луганск очекувајќи ја украинската офанзива.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img